ДИК одлучи: Teренска проверка кај 110.440 спорни гласачи


Државната изборна комисија на седницата оджана синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи.dik sednicaДополнително треба да одлучи дали теренски ќе проверува уште 62.837 лица, откако претходно за нив ќе се изврши административна проверка.

Админстративно ќе се проверуваат и податоците за уште 35.859 избирачи кои се претпоставува дека се починати.

ДИК оцени и дека нема да се врши проверка за 124.027 гласачи за кои се мисли дека се на привремена работа или престој во странство, бидејќи тие имаат право на глас и тие не се спорни гласачи. За ова не гласаа Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ бидејќи тогаш ја напуштија седницата и по еден час се вратија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1