ДИК: ВМРО-ДПМНЕ победник на изборите, ако нема приговори, уверенијата за пратеници на 28 декември (ВИДЕО)


Државната изборна комисија вечерва и на прес-конференција ги потврди резултатите од прегласувањето во изборното место 2011 во Теарце, според кои распоредот на мандатите останува непроменет.

ВМРО-ДПМНЕ добива 51 пратенички мандат, со што се потврди победата од 11 декемвриdik-cicak-640x280

Државната изборна комисија со доцнење од речиси 4 часа конечно излезе за да ги соопшти првичните официјални резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце.

Причината за доцнењето, според Чичаковски, биле тешкотиите со кои се сретнала општинската изборна комисија при составувањето на записникот за резултатите од територијата на целата општина Теарце вклучувајќи ги и денешните гласови.

Александар Чичаковски посочи дека ако нема приговори за денешното гласање, ДИК на сите кандидати кои добија пратенички мандат уверенијата за пратеници ќе им ги достави на 28 декември во среда до 20 часот.screenshot_124

Тоа се однесува на конечните резултати од првите пет изборни единици, како и за сите потврдени мандати од изборната единица 6, што значи доколку нема приговори и последните два мандати врз кои можеше да има влијание исто така ќе бидат потврдени со уверение штом резултатите бидат официјални и конечни.

Според симулацијата на ДИК поделбата на мандати во ИЕ 6 е следна:

ВМРО-ДПМНЕ и др. – 51
СДСМ и др. – 49
ДУИ – 10
БЕСА – 5
Алијанса за Албанците – 3
ДПА – 2

Вкупно на целата територија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 51 пратеник и се победник на овие избори.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1