Во првиот круг од Локалните избори гласањето е завршено во 51 општитнa, а во втор круг гласање ќе има во 29 општини и градот Скопје, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ДИК Борис Кондарко врз основа на првичните неофицијални резултати што ги имаат добиено од страна на општинските изборни комисии.
Ова се резултатите, како што истакна Кондарко, од обработени 528 избирачки места од вкупно 536 што значи дека се чекаат резултатите од уште осум избирачки места.
Во втор круг за градот Скопје одат кандидатот за градоначалник на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски со освоени 133.765 гласа и Јани Макрадули кандидат за градоначалник на Сојузот за иднината предводена од СДСМ со освоени 77.843 гласа.