Во кои општини не е завршено пребројувањето на гласовите?


На интернет страницата на Државната изборна комисија, наведени се сите општини каде е завршено пребројувањето на гласовите, а каде пребројувањето сеуште трае. Станува збор уште за минимални избирачки места, каде ДИК треба да заврши со пребројувањето на гласовите

broenje livcinja glasanjeВо поголемиот број општини, пресметката е веќе 100 проценти завршена.

Во општина Центар, каде кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски, ја освои победата, обработени се 90.91 проценти од гласачките ливчиња.  Во Карпош каде Стевчо Јакимовски победи во првиот круг, преброени се 96,77%, а во Кисела Вода, каде убедлива победа однесе Билјана Беличанец од Коалицијата за подобра Македонија преброени се 98,53 проценти од ливчињата.

Во Штип останува да се пребројат уште гласачките ливчиња од три избирачки места, како и  во Шуто Оризари.

Останува да се пребројат гласачките ливчиња и од општините Чашка, Зрновци, скопските општини Бутел и Ѓорче петров,  Битола, Прилеп, Ресен , Делчево и Струмица.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1