Димитров: Ве молам немојте да патувате


Ситуацијата се менува од час во час, ако утре тргнете некаде, не се знае дали ќе може да се вратите, рече вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со министерот за здравство за коронавирусот.

„Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир.“

Ве молам немојте да патувате, повика министерот.

„Неизвесно е кога ќе може да се вратите. Непредвидлива е ситуацијата. Државите затвораат граници, аеродроми, авиокомпаниите откажуваат летови. Македонските државјани што имаат регулиран престој во други држави да не се упатуваат кон татковината. Има најава дека и ЕУ ќе ги затвори границите за сите несуштински патувања.“

„Граничниот режим на другите држави не зависи од нас“, рече Димитров.

Ќе си ги вратиме сите граѓани дома, но упатувам апел до сите што се во земјава да не патуваат, сè е неизвесно.

Време е да седиме дома, да бидеме храбри да бидеме смирени, рече министерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1