Димовски: Изјавата извадена од контекст, не сме размислувале за избори во ноември


Ниту сме размислувале, ниту пак има таква опција во ноември да има предвремени парламентарни избори. Мојата вчерашна изјава е извадена од контекст, изјави за порталот МКД, Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.ilija dimovski

Телевизија Телма вчера објави изјава на Димовски, според која, доколку пратениците од опозицијата предводена од СДСМ не се вратат во парламентот, во ноември ќе се распишат предвремени парламентарни избори.

– Времето ќе покаже дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31. пратеничко место или пак за нови 123. Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза. Нема простор за калкулации. Собранието ќе биде доведено до ѕид, не би посакал оваа политичка криза да заврши на таков начин, секој носи своја одговорност – рече Димовски за ТВ Телма.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, викендов потсети дека рокот за враќање на пратениците на СДСМ во пратеничките клупи е 8 октомври. Потоа следува официјализирање на престанокот на мандатот и почнуваат да течат уставните рокови за пополнување на бројот на пратениците од останатите на изборните листи на СДСМ.

СДСМ, пак, не отстапува од своите пет барања, меѓу кои, да се формира техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1