Хари Мата Хари го потврди настанот кој се случил во една сараевска кафеана.
Един Дервишхалиловиќ алијас Дино Мерлин ги плука сите оние кои не му одговараат, и тоа буквално.
Тој неодамна се скара со колегата и поранешниот пријател Хари Варешановиќ во една сараевска кафеана, при што во текот на расправијата го плукнал Хари во лице.
Хари седел со пријателите во кафеаната, кога се појавил Дино. Кога Варешановиќ тргнал накај дома, Дино почнал да го навредува и тука настанало кошкање помеѓу нив.
Дино не застанал само на вербален напад, туку му се нафрлил на поранешниот пријател, со кој имаа заедничка дуетска песна „Дабогда“.
Хари сакаше да ја прекине караницата и да ја напушти кафеаната. Во тој миг Дино пред сите го плукнал во лице. Среќа е што двајцата биле со пријатели, кои го спречиле понатамошниот лош развој на настаните. На луѓето во локалот не им се верувало како се однесува Дино Мерлин.
Членот на жирито на „Ѕвездичките на Пинк“ ги потврди наводите, но не сакаше поопширно да ја коментира средбата со поранешниот пријател.