Груевски на твитер им одговори на дипломатите


Македонскиот народ одлучува за својата иднина, напиша премиерот Никола Груевски на својот Твитер профил кратко откако амбасадорите на неколку земји членки на Европската Унија и евроамбасадорот дадоа изјава пред Владата во која бараат поголем ангажман од политичките партии околу спроведување на договорот од Пржино.

Груевски во твитот, којшто што беше протолкуван како одговор на премиерот на изјавата на амбасадорите,  споделува линк до дел од говорот што го даде по повод Денот на Македонската револуционерна борба – 23 октомври. Во говорот Груевски истакна дека на изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.Screenshot_120

„ На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша татковина. Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме., истакна во своето обраќање премиерот Никола Груевски по повод 23. Октомври Денот на македонската револуционерна борба“.

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија вчера побараат партиите да ги стават на страна своите партиски интереси за доброто на државата за земјата да се придвижи на својот евроатлански пат.

„Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го имплементира договорот на конструктивен и неопходен начин и со добра волја. Веруваме дека тоа е најдобриот излез од политичката криза. СДСМ да ја испочитува својата улога за конструктивни преговори и да не ги објавуваат понатаму т.н. политички бомби“, рече Гарет.

Преговорите околу имплементирањето на договореното засега ги пробиваат поставени рокови и покрај средбите на партиските претставници со белгискиот експерт Питер ван Хојте се уште не е постигнат договор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1