Дипломатскиот клуб предлага промена на името на аеродромот ,,Александар Велики‘‘ во ,,Киро Глигоров‘‘ – на Заев му се допаѓа


Премиерот Заев позитивно гледа на иницијативата која утрово ја предложи дипломатскиот клуб за именување на скопскиот аеродорм со името на Киро Глигоров. Од клубот велат дека ја поддржуваат иницијативата како чекор достопен за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Глигоров.

Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава – траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија, пишува во иницијативата.

Дали е ова отпочнување на процесот за прифаѓање на компромиси во решавање на спорот со Грција? Премиерот вели дека очекува до крајот на месецот да започнат разговорите помеѓу преговарачите, а тој ја нуди можноста и за средби на премиерско ниво со цел да се направи исчекор.

Заев сепак очекува да го слушне и ставот на граѓаните за можноста скопскиот аеродром да го носи името на Киро Глигоров, а очекува и вклученост од опозицијата во процесот.

Во 2012 година, по смртта на првиот претседател на Република Македонија, партијата чиј лидер е Зоран Заев, СДСМ до Владата достави иницијатива зградата на МОБ да го носи името на Глигоров. Иницијативата тогаш не доби зелено светло од претходната власт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1