Утрово околу 8 часот на патот Охрид Кичево во близина на селото Мешеишта се случи тешка сообраќајна несреќа.
ТВ Нова јавува дека дошло до судир на два џипа и камион. 4 повредени – Едно лице е пренесено на хируршкото одделение, а три се хоспитализирани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија. Двајца биле итно оперирани. За среќа сите се вон животна опасност.
Едно од двете возила џип според регистарските таблички е дипломатско. Неофицијално, се работело за возило од германската амбасада. 










