Директен лет Скопје-Рим од 2 мај со Алиталиа


Нова директна линија на релацијата Скопје и Рим (аеродром Фјумичино)ќе воведе од 2 мај авиокомпанијата „Алиталиа“.

Летовите  ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје – Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.

alitaliaОд 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталиа“ ќе полетуваат во 05:30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).

– Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталиа има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат  на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопшти денеска претставништвото на „Алиталиа“ од Белград.

„Алиталиа“ го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1