Авионите на „Виз ер“ преку директни ќе го поврзат Скопје со Париз, Брисел и Франкфурт и тоа два пати неделно. Цената на авио-билетот нема да биде пониска од 1.500 денари.
„Виз ер“ ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации. До Малме ги зголемува летовите од пет на седум во неделата, кон Базел наместо трипати ќе сообраќа петпати, кон Дортумнд и кон Ајндховен се зголемуваат летовите од два на три, кон Гетеборг од два на четирипати и кон Михнен исто така од два до трипати во неделата
Петте топ дестинации кои преку „Виз ер“ ги користат македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме.