Директор земал пари на заем од претпријатието – си се офајдил за 400.000 денари


Б.С. директор на ЈП “Македонски Шуми” ПШС-Куманово, 63-годишниот В.С од село Оризаре, во периодот од окотомври 2008 до март 2014 година спротивно на законските прописи и без одобрение на управен одбор или генерален директор од благајната на Јавното претпријатие подигнал парични средства од 372.900 денари кои требало да ги враќа на рати, но вратил само дел од парите, информира полицијата.

zatvor pariИсто така, и покрај тоа што не е член на синдикатот во четири наврати земал огревно дрво, кое не го платил во целост, а извршил и набавка на поголема количина на дрво без да го води должниот надзор и без да води евиденција како е потрошено.

На овој начин пријавениот го оштетил Јавното претпријатие за износ од 394.022 денари.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С. за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1