Од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје информираат дека директорите Исјановски и Кока се откажале од платите за месец март.
Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје проф.др. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока , се откажуваат од платата за месец март.
Средствата ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите наши корисници на здравствени услуги, се наведува во соопштението.