Директорката на ЦИА Џина Хаспел за време на посетата на Турција ја слушната аудио снимката од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Ројтерс повикувајќи се на два извора.
Претставниците на ЦИА и на турската разузнавачка агенција одбиле да ја коментираат оваа информација, наведува британската новинска агенција.
Саудиска Арабија дури по две недели неизвесност соопшти дека новинарот Кашоги е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.