Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка по скандалот со силуваното 13 годишно девојче


Директорот на Заводот за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини откако во јавноста беше обелоденет случајот со 13-годишното девојче кое минатата недела абортираше.

Комисијата што ја формираше во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на девојчето.

Дополнително, ќе се истражува дали претходниот старател не постапувал.

„Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва. Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик“, посочуваат од МТСП.

Од министерството најавуваат дека до средината на 2018 година, ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови. Оваа реформа, велат надлежните, ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и значително намалување на ризикот од вакви несакани настани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1