Генералниот директор на МИ5 Џонатан Еванс,идниот месец се повлекува од функцијата,после поминати 33 години во британското разузнавање,соопштено е вечерва во Лондон. Генералниот директор на МИ5 Џонатан Еванс,идниот месец се повлекува од функцијата,после поминати 33 години во британското разузнавање,соопштено е вечерва во Лондон.
Од челната функција во британското контраразузнавање,Еванс заминува само после шест години поминати како генерален директор. На функцијата беше именуван во април 2007 година,наследувајки ја леди Манингам Булер која во два мандати раководеше со МИ5. Одлуката на Еванс да не го продолжи договорот и да се повлече од директорската функција,пратениците во британскиот Парламент ги извести министерот за внатрешни работи Тереза Меј.
Во Агенцијата Еванс е од 1980 година.
Во еден од ретките јавни настапи,Еванс минатата година предупреди на заканата од „радикализацијата на арапскиот свет“ која може да ја почувствува и Велика Британија,со вракање на дел од радикалите кои сега се активни во тамошните случувања.