Директорот на „Македонијапат“ се правда: Не можам да ги натерам ангажираните фирми да чистат снег 24/7


Електричниот зрак ќе пробие во куќите на селаните од реканскиот крај пред Бадник. Најдоцна до утре отсечените села во овој планински предел ќе продолжат во нормални услови да живеат.

Новиот 10 киловатен далекувод е во завршна фаза се поставуваат проводниците и изолаторите преку Дебарското езеро.kadriu

Екипите на ЕВН заедно со месното население работат и околу граничниот премин Ќафасан каде заедно со месното население ги  подигаат паднатите столбови. Снегот кој наврна минатата недела остави длабоки последици во Западна Македонија. Снежните наноси останаа,  единствено што Македонија пат успеа да стопи се 40 милиони денари.

Директорот Кадриу располага со 220 возила за чистење на снегот но тие не беа доволно за да се види асфалтот. И по една недела сообраќајот на одредени патишта се одвива отежнато и се прави застој. Кадриу на тендер трошел дури 45 милиони денари годишно за приватни фирми кои ќе ги чистат патиштата со вкупно 135 возила.

И покрај капацитетот со кој располагал директортот на претпријатието резултатот од ваквите  зделки не го видоа граѓаните. Кадриу за Сител вели дека и покрај милионскиот договор кој го склучил со три приватни фирми тој не можел да ги натера снегот да го чистат  деноноќно.

Познавачите велат дека и со многу помалку машини патиштата ќе биле проодни веднаш доколку се добро организирани.

Во случајот, на директорот сепак му беа потребни три дена да излезе во јавноста со првите проценки иако среде планина беа завеани патнички и транспортни возила повеќе од  10 часа. Ако се направи проценка со 45 милиони денари наместо за приватни фирми директорот можел да набави сосема нови или добро сочувани машини со кои и понатаму би располагала дравата. И покрај состојбата во која ја доведе државата Кадриу е незаинтересиран  за одговорноста која ја сноси, додека пак партијата чиј кадар е тој, молчи веќе една седмица.

Инаку  студот во коски не го претрпеа само возачите, смрзнати и без струја останаа и голем број населени места.

Никаков допир со цивилизација не беа во можност да воспостават чекаа да се стопи снегот со надеж дека ќе добијат електрична енергија. Огромни штети здравствени и материјални. Болниците им беа недостапни а зимницата и ресурсите собирани за  до пролет им скапаа извадени пред куќа каде се обидуваа да ја одржаваат храната чувајќи ја во снегот.

Дека се можни вакви хаварии ако ЕСМ отиде кај приватен сопственик во 2006та предупредуваше сегашниот прв човек на комисијата за енергетика на СДСМ Атанаско Туневски. Радмила Шекеринска тогаш се конфронтираше со тврдење дека се работи за одличен бизнис.

Очигледно е дека бонбона бизнисот денес го плаќаат граѓаните особено оние кои цела недела живеат на свеќи.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1