Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, со возило вечерва во Скопје повредил девојка.
Девојката итно била префрлена во болница каде што се констатирани полесни повреди и е пратена на домашно лекување. Полицијата го привела директорот, а на местото на настанот и натаму трае увидот на сообраќајната полиција.