Девојчето од Миравци кое вчера почина во гевгелиската болница по испиени таблети западнала во тешка состојба по што реанимацијата на лекарите била неуспешна, вели за НОВА директорот на гевгелиската болницата Сретко Јованов.
-Девојчето во 2 часот е донесено во гевгелиската болница. Претходно, откако ги испила таблетите, во обид за самоубиство, била однесена во болницата Валандово каде и плакнет желудникот. На пат кон Гевгелија западнала во тешка состојба, реанимацијата на лекарите била неуспешна и во 04 часот изутрината починала. Најодговорно тврдам дека е направено се што треба, а здравствената состојба не дозволувала да биде транспортирана на Клиниката за токсикологија во Скопје“, изјави директорот Сретко Јованов за НОВА.
Тој ги демантира изјавите на семејството дека се чекало да дојде возило, бидејќи како што тврди возилата им се во дворот.
Според семејството, девојчето починало поради неажурност на персоналот во гевгелиската болница бидејќи откако виделе дека состојбата е критична веднаш не ја испратиле за Скопје.
НоваТВ