Во критична состојба се тројцата повредени во попладневната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште. Повредени се двајца мажи и една жена на возраст од 27 до 59 годишна возраст. Сите тројца дишат со помош на апарати и се наоѓаат во животозагрозувачка состојба.
Жената е примена во Ургентниот центар и веднаш е хоспитализирана на КАРИЛ. Од Клиниклата за анестезија реанимација и интензивно лекување за zdravstvo24 велат дека пациентката е во критична состојба и е приклучена на апарати за дишење. Имала многу висок процент на изгореници по целото тело. Двајцата мажи се примени во Gрадската хируршка болница св. Наум Охридски неколку минути после 17 часот. Според лекарите од градска и тие се во многу лоша состојба. И нивните тела се речиси 90 проценти изгорени, вели д-р Љубен Арсенков, дежурен хирург во градската хируршка болница.
– Едниот од пациентите веднаш е внесен во операциона сала и направен му е отвор за да може да го приклучиме на апарат за дишење, изјави за Здраство24 д-р Арсенков.
Четвртиот повреден поминал со полесни повреди и по прегледот во градската болница бил пуштен дома. Силната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште се случи поппладнево неколку минути после 17 часот. Полицијата сеуште врши увид на местото на несреќата за да се утврдат причините за експлозијата.