Од 1 јануари двата телекомуникациски оператори кои нудат и телевизиски пакети не ги продолжија договорите за каналите Дискавери и Еуроспорт што предизвика реакција на корисниците кои ги гледаат овие канали.
Поскапување на пакетите како и малата гледаност на каналите Дискавери и Еуроспорт биле клучни фактори за одлуката телекомунициските оператори да не ги потпишат новите договори за пренесување на овие канали. Неофицијално новиот договор кој им бил понуден на операторите бил за 30 отсто поскап од претходните години, па операторите одлучиле да ги заштитат своите клиенти од зголемување на сметките.
Анализата која ја направиле оператирите,говори дека гледаноста на овие два канали во земјава е минимална и доколку се одлучело да се продолжи договорот, повисоката цена би требало да ја платат сите корисници на телевизиските пакети, што во крајна линија би значело и можност за откажување на договорите.
До медиумите се обратија и Дискавери и Еуроспорт преку својата хрватска ПР-служба. Тие соопштија дека се разочарани што македонските оператори ги укинале Дискавери каналот, ТЛЦ, ИД, и Еуроспорт 1 и 2.
,, И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори , мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап , со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал.
Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите , TLC , Investigation Discovery ( ID ), Eurosport 1 како и Eusrosport 2 . ,,
Реагираше и регулаторот на телекомуникациите Агенцијата за електронски комуникации, која соопшти дека сите корисници кои се незадоволни од постапката на телекомуникациските оператори можат да ги прекинат договорите без да платат пенали за тоа. Но и покрај ваквата опција мал број на корисници на телевизиските пакети на двата оператори побарале прекинување на договорите.
Последните податоци говорат дека само 50 корисници побарале раскинување на договорите.