Дискотеката во Кочани имала лиценца за работа до 24-ти март


До 24 март важела лиценцата на приватната дискотека во Кочани, во која рано утрото искри од употребени пиротехнички средства го зафатиле таванот кој бил од лесно запалив материјал и предизвикале пожар во кој загинаа 59 лица а над 150 се повредени.

Според информациите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се менувале сопствениците, но приведениот актуелен сопственик, цело време бил во сопственичката структура.

Објектот во кој била сместена дискотеката бил легализиран е во 2005 година, а дали имал пренамена, тоа ќе се утврдува од страна на инспекторите и јавниот обвинител.

Објектот во кој била сместена дискотеката е изграден во 1999 година.– Нашите двајца инспектори се на лице место и утврдуваат дали се запазени законските обврски при изградбата на овој објект. Легализиран е во 2005 година. Дали имал пренамена, тоа ќе го утврдат нашите инспектори заедно со јавниот обвинител – рекоа од Дирекцијата за заштита и спасување за ТВ 24.

Прашање е и дали за објектот е направен елаборат за противпожарна безбедност.

Според првите информации, пожарот настанал поради употреба на пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК.

Од Обвинителството соопштија дека државниот Јавен обвинител формирал обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани, во кој се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Тие заедно со останатите надлежни служби веќе работата на терен. 

На социјалните мрежи се споделуваат информации какви се дозволи се потребни за ноќниот клуб да може да работи

  1. Издавање на лиценца за работа:
    • Министерство за економија – Издава лиценца за вршење угостителска дејност за ноќни клубови, дискотеки, кабареа и други објекти од овој тип.
    • Општините – Локалната самоуправа издава одобрение за работа, во зависност од урбанистичките и безбедносните услови.
  2. Контрола и инспекциски надзор:
    • Државен пазарен инспекторат – Врши редовни и вонредни контроли за почитување на законите, како што се работното време, дозволениот број гости и условите за работа.
    • Државен инспекторат за труд – Проверува дали вработените работат во согласност со трудовото законодавство.
    • Инспекторат за животна средина (локално ниво) – Надгледува дали клубовите ја почитуваат регулативата за бучава и заштита на животната средина.
    • Полиција (МВР) – Го контролира редот и мирот, проверува безбедносни мерки, влез на малолетници и дозволи за работа после полноќ.
    • Противпожарна служба – Врши проверки на противпожарната заштита и евакуациските планови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1