„Дискваери“: Дознајте кои изуми и откритија го промениле светот


ТВ каналот „Дискавери“ на 11 ноември ја најави премиерата на новата документарна серија, „Изуми и откривања кои го промениле светот“, која ги истражува тајните на она што допрва ќе дојде, од паметни телефони вградени во човечкото тело, до авиони кои штедат гориво и на патниците им нудат вчудоневидувачки поглед на светот.


Ќе бидат истражени четирите изуми кои го дефинираат современиот свет – мобилните телефони, автомобилите, авионите, и облакодерите, и ќе биде прикажан процесот кој што водел до нивниот развој.
Секоја епизода открива изненадувачки приказни и навидум случајни настани, кои на крајот ќе доведат до создавање на неверојатни податоци, а посебно внимание ќе се посвети на човековата генијалност, чудесните односи, експрименти без преседан и неверојатни настани кои го направија овој свет онаков каков што го знаеме.
Првата епизода ќе покаже како за настанувањето на мобилниот телефон била потребна најубавата жена на светот, братот на Франкенштајн, трагедијата на Титаник и последната прошетка на Шестата авенија.
Опфаќајќи 200 години историја, епизодата започнува со прикаската за најозогласената санта мраз на светот и потопувањето на Титаник, кога комуникациските алатки им го спасиле животот на преживеаните, но се поставува и прашањето дали можеле да направат и повеќе од тоа.
Другата епизода ќе покаже како за производство на автомобил каков што денеска ние возиме, биле потребни шкотски ветеринар, амбициозна жена, стотина мртви животни и застрашувачки експрименти со врело масло.
Третата недела е предвидена за епизодата за авиони, која ќе ја прикаже моменталната генијалност и инвентивност која е потребна за нивно создавање. Потребни биле птиците како инспирација, велосипедите, летот до месечината и назад, неколку смрзнати очни јаболки и два нервни слома.
Гледачите во епизодата за облокадерите, кои денеска претставуваат симбол на моќ и богатство, можат да дознаат дека за нивното настанување биле потребни птици во кафез, град во пламен, случајни прашања на студентите на колеџ, послушен коњ и вагон.
Серијата ја прикажува историјата на облакодерите, прикаската за тоа како дошло до идејата тие да бидат толку високи, како да се искачиме и да се симнеме од нив и како истите функционираат во градовите во кои се изградени. Ќе стане збор и за испитувањето на нивните едноставни врски поврзани со некакви катастрофи.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1