Диви копачи на злато нападнале пештера во кавадаречко


64 годишниот кавадарчанец Ангел Силјанов решил да ја заштита пештерата која е во непосредна близина на неговата викендичка. На влезот од пештерата поставил врата и ја заклучил за да не влегуваат луѓе кои можат да ја оштетат. Таму си чувал и буриња и друг земјоделски алат но пред неколку дена забележал дека некој ја обил вратата – се соменва дека се диви копачи на злато и бара помош од полицијата, пренесува Дума.мк. 

siljanov2f1379604837_thumb_medium490_0Тој тврди дека диви копачи на злато ја искршиле вратата што тој ја поставил за да ја заштити малата пештера токму од нив. Бара полицијата да ги открие сторителите и да ги казни, бидејќи како што вели, тие можат во наредна прилика да посегнат и по неговиот имот.

„Тие сега не чепнале од моите буриња и гајби кои ги засолнив во пештерата. Напротив, уште поубаво ми ги наредиле, за да си направат простор за копање. Ова не е прв пат во близина да оперираат арамии“ рече Силјанов и објаснува дека и досега навраќале близу неговиот имот,  но за прв пат некој се осудил да чепка во пештерата.

Оваа мала пештера се наоѓа на стариот пат Градско-Прилеп од десната страна на 19 киломтри од Кавадарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1