Диво изградените платформи на Матка чекаат легализација од Општина Сарај


Новоизградената платформа на Матка чека решение за легализација. Увидот на општина Сарај направен по барање на Државниот градежен инспекторат, утврдил дека три платформи покрај езерото имаат поднесено барање согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Со ова, од инспекторатот велат дека тие повеќе не се надлежни да постапуваат се додека општината не одговори на барањата за легализација.Последното вакво барање на адреса на општината пристигнало на крајот од минатата година.

Од општина Сарај не одговорија кога ќе се разледуваат барањата за легализација на платформите кај Матка.Претходно градоначалникот Блерим Беџети, за Сител појасни дека не станувало збор за дивоградби, туку за објекти без регулиран правен статус.

Од државниот градежен инспекторат велат дека извештајот изготвен од општина Сарај за состојбата со платформите кај Матка ќе го испратат и до Министерството за транспорт и врски.

„По она што телефонски ми го кажа директорот е дека има пуштено барање за легализација пред завршување на рокот. Не знам дали ќе се легализира. Постапката е отпочната пред крајот на годината. Таа е последната информација што ја имам меѓутоа треба да го видам документот за да ве информирам“

Од државниот градежен инспекторат велат дека од одлуката на општина Сарај ќе зависи судбината на платформите покрај Матка.Ако тие се легализираат на оваа одлука може да се жалат државни институции бидејќи станувало збор за објекти во заштитено подрачје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1