Обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води случајот „Еразмус“ има докази дека професорите зеле 2.800 евра. Оваа сума не е конечна бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума е потврдена со докази.
Според Обвинителството, доаѓале студенти што пријавувале дека професори им барале пари, но овие тврдења исто така се уште не се докажани. Ова беше соопштено на вчерашната прес-конференција на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Обвинителството ги разгледува и студентските досиеја и индекси прибавени од претресот на неколку кабинети на УKИМ и бифето. Досега е евидентиран поткуп од 2.800 евра. Доказите во овој предмет ве уверувам дека се цврсти и многу ми е жал што законот не ми дава можност да ги соопштам.
– Акцијата на УKИМ во присуство на силно полициско обезбедување беше извршена точно 6 минути по извршеното дејство, односно кога еден од осомничените примил мито од 1.000 евра -обележани пари, на паркингот зад Правниот факултет – рече обвинителката Раичевиќ.
Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК