Сите осигуреници на Фондот за здравствено осигување на Македонија кои не поднеле барање за издавање на Електронска здравствена картичка(ЕЗК) истото треба да го направат во најбрз рок, изјавија министерот за здравство, Никола Тодоров со директорот на Фондот за здравствено осигување на Македонија, Јован Грповски.
Според министерот Тодоров, целта е до 30 јуни оваа година целосно да се стави во функција електронската картичка и повеќе да не се печатат сини картони.
Министерот за здравство информираше дека досега се изработени околу 610.000 електронски здравствени картички, од кои 310.000 се подигнати од самите здравствени осигуреници. Во фаза на изработка се околу 250.000 ЕЗК за осигуреници и членовите осигурани преку нив.