Омаира 13 год девојче – 3 дена под вода, агонија и болка – нејзината смрт одекна во светот


Омаира Сначез е 13 годишното девојче кое што загина во Армеро во Колумбија, од ерупцијата која се случи во 1985 година на вулканот Невадо дел Руиз. Вулканските остатоци кои беа мешавина од мраз, убија повеќе од 25,000 луѓе и целосно го уништија Армеро и уште 13 други села.

Omaira-Sanchez-visage

Откако нејзиниот дом беше срушен, таа се најде под урнатините на нејзината куќа и беше заглавена во вода повеќе од три дена.

Нејзината мака беше документирана, а храброста и достоинството ги допре новинарите и хуманитарните работници низ целиот.

По 60 часа борба, таа починала, а нејзината смрт најверојатно се должи на неуспехот на властите да одговорат на заканите од ерупцијата на вулканот и навремено реагирање на волонтерските спасувачи и навремено да стигнат и да им помогнат на заробените жртви покрај недостатокот на материјали и опрема. Кога спасувачките тимови конечно стигнаа до неа, забележаа дека таа била заробена со целото нејзино тело до вратот под кровот.

Photo laurent

Таа беше имобилизирана од половината па надолу, но нејзиниот горен дел од телото беше целиот прекриен со бетон и кал. Спасувачите увиделе дека речиси било невозможно да ја ослободат без притоа да и бидат скршени нозете во процесот.

IMAGEN-12375467-2.pngСекој пат кога ќе ја повлекле, нивото на водата се зголемувало, па така се чинело дека со самото пуштање, таа можела да се удави. Морале да постават гума околу нејзиното тело за да ја задржат во живот.

Нејзините нозе биле заглавени под вратата направена од тули, додека телото на нејзината тетка лежело под нејзе. Сепак и покрај целата страшна ситуација, таа останала позитивна и дури на моменти почнала да им потпевнува на еден германски волонтер и новинар.

ARMER06_1303158240p__b_h_ne__astn__omayry_s_nchez_z_kolumbijsk_ho_ar_4ba1f7f635

Побарала сок и храна и дозволила да биде интервјуирана. Третата вечер дури почнала да халуцинира и соопштила дека не сака да задоцни за на училиште, а спомнала и дека има испит по математика. Во еден момент побарала да ја остават малку да одмори. Од водата и повредите отекла, а очите и поцрнеле. Спасувачите знаеле дека нема да издржи уште долго.

crni oci x1pjzf2-ryhxrudqm5lwwjtn6wkk54k7phmfjmsav7d3ehgptectzgzac0hygh1fdjmin1ysywwilvmowph9lul7zxhm7nxng7m27sp5xfw1rs01

Неколку часа подоцна работниците повторно се вратиле и работеле трескавично за да ја спасат. Сепак било невозможно да ја извадат без притоа да и ги исечат нозете.

Поради недостатокот од хируршка опрема, со цел да ги ампутираат нозете, лекарите се согласиле дека похумано ќе биде да умре.

DOCU_GRUPO HACE 25 AÑOS EL VOLCÁN COLOMBIANO NEVADO DEL RUIZ BORRÓ A ARMERO DEL MAPA

Таа помина три ноќи под урнатините на нејзиниот дом, за да на крајот веројатно почине од гангреа или хипотермија. Таа стана меѓународно позната преку фотографиите направени од страна на фоторепортерот Френк Фурние кој цело време бил до неа обидувајќи се да ја утеши.

Таа остана трајна фигура, запамтена преку музиката, книжевноста и комеморативните статии.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1