Македонскиот игран филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов ќе ја претставува Македонија во трката за највисоката награда за филм Оскар од неанглиско подрачје.
Одлуката со мнозинство гласови ја донесе комисија во состав Роберт Насков, продуцент воедно и претседател на комисијата, Вардан Тозија-режисер, Горан Игњатовски-артист, Иван Бартлинг-сценограф и Димитар Попов-кинематографер.
Како што е познато, македонскиот игран филм „До балчак“ неодамна имаше светска премиера што се одржа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола што е во тек, а завршува утревечер.