До кога ќе имаме нестабилно и врнежливо време


Уште во раните утрински часови понеделник ќе ја продолжи состојбата со нестабилно време, овој пат позастапено во источниот регион, локално, информира метеопро.grom dozd nevreme

Наутро се очекува претежно облачно време со повремен дожд и грмежи низ земјава, додека попладне нестабилноста ќе биде полокализирана, со услови за почести врнежи во западната половина, односно повеќе во југозападниот крај.

Вечерта ќе донесе одредено „смирување“ на атмосферата.

Повторно ќе биде спарно. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 28°С и 31°С во најголем дел од земјата, односно околу 33°С на југоисток.

Во скопската околина се очекува облачно време наутро со услови за повремен дожд, а попладне е можна краткотрајна нестабилност. Температурата ќе достигне максимални 30°С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1