До лекови со електронски рецепт


По 15 мај лековите ќе може да се добијат и со електронски рецепт, покрај хартиениот, а во почетокот ќе бидат во употреба и двата вида.
kalcium apcinjaИ за граѓаните што с` уште не добиле електронска здравствена картичка нема да биде проблем да ги подигнат лековите на овој начин зашто матичните лекари ќе може да ги препишат лековите и со впишување единствен матичен број или број на книшка.

– Рецептот ќе се препишува на електронски формулар, до кој пристап ќе има само матичниот лекар, кој го става и електронскиот потпис. Kога пациентот оди во аптека да го подигне лекот, само ја дава електронската здравствена картичка или го кажува матичниот број, или единствениот број на осигуреникот, па се гледа кој лек му е препишан и му се издава – изјави вчера министерот за здравство Никола Тодоров.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1