Временската прогноза за Македонија денес предвидува променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува.
И утре и задутре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 16 до 25 степени.
В сабота времето ќе биде сончево, со мала умерена облачност во јужните делови и температури од 17 до 24 степени.