Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне целосно разведрување и ќе биде сончево и топло.
Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Минималните температури од -2 степени во Лазарополе до 8 степени во Гевгелија, а максималните од 12 до 22 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 19 степени.
Сончево и топло време ќе имаме во четврток и петок. Минималните температури ќе се движат од 0 до 12 степени, а максималните ќе достигнат до 15 односно до високи 27 степени во јужните делови од земјата.
Топло ќе биде и во сабота, кога се очекуваат дневни теператури од 16 до 26 степени, но ќе имаме и зголемена облачност.
Во недела ќе биде претежно облачно, но и нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 2 до 12 степени, а дневните ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.
Weather4all.mk