Скопјанец претепан: Му го попречиле патот со автомобили и вооружени го тепале со палки


Триесет и едно годишниот Р.М. вчера вечерта пријавил дека бил нападнат од група непознати лица.

bezbol palica tepacka

-Додека се движел со своето возило по патот од село Арачиново кон Ченто, патот му го попречиле две возила од кои излегле повеќе непознати лица вооружени со палки при што физички го нападнале, а едно од лицата пукало и со огнено оружје, информираат од полицијата.

Истиот успеал да избега и настанот го пријавил во полиција. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1