Балкански манекенки им се продаваат на шеиците за чанта „Луј Витон“


Иако девојките работат слабо платени работи, на социјалните мрежи поставуваат селфи на кои носат скапоцени чанти, возат скапи спортски автомобили или летуваат на интересни локации. Зад сетоа тоа, всушност, стои проституција…

Малку луѓе можат да замислат дека некои жени повеќе сакаат модерна чанта отколку своето тело, но поедини спрски манекенки го следат овој „тренд“, пишува српски „Њузвик“ (Newsweek). Токму тоа е случај со одредени манекенки кои отишле во Обединетите Арапски Емирати. Таму пронашле нова професија – го продаваат своето тело, но не за да преживеат, туку за да можат да си дозволат луксузни работи.hrvati-skola-striptiz-prostitutka-prostitucija-striptizeta-1343262656-190109

„Отворете ги очите, тоа не е манекенство, тоа е обична проституција“, предупредуваат авторите на еден блог чија цел е да докаже со што всушност се занимаваат силните „Инстаграм модели“, девојки кои работат слабо или просечно платени работи, а секогаш се гледани со чанти „Луј Витон“  и Кристијан Лобутин чевли.

Дека манекенките ги сакаат шеиците потврдила и авторката на книгата „Спасена од пеколот – Исповед на поранешна манекенка“, Ана Голеџиновска. Таа вели дека за време на нејзината работа во Италија многу богати Арапи им приоѓале на млади манекенки. Тие избирале две или три најубави и ги воделе на својот брод.

– Се враќаа скаменети, одвај живи – раскажала Голеџиновска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1