Иако светските стручњаци најавуваат дека во следните децении ќе се менуваат сушни периоди и периоди со обилни врнежи, српскиот експерт, проф. д-р Млаџан Чуриќ, за српски „Телеграф“ вели дека сме влезени во период на заладување кој ќе трае неколку децении, како и дека не’ чекаат многу дождливи и снежни години, пренесува НетПрес.
Во следните неколку децении, Европа ја очекуваат потопли и сушни лета, како и шумски пожари , што, земено се’ заедно, ќе има лошо влијание на земјоделството. Можеби бенефит од затоплувањето ќе има Северна Европа, но југот дефинитивно нема да има. Очекуваме дека последиците од климатските промени, особено порастот на температурите ќе им штетат на луѓето. Ова тврдење на Андреј Галанополски, добитник на наградата „Милутин Миланковиќ“ на Европското геофизичко друштво, изговорени на собирот на Српската академија на науки и уметност, би требало да не загрижат. Тој тврди дека тукму луѓето се тие кои имаат лошо влијание на климата, како и на последиците предизвикани од тоа.
„Главно влијание на човекот врз климата претставува емисијата на јаглероден диоксид и тоа суштински почнало пред 100 години, со индутријализацијата. Сега веќе јаглродниот диоксид е зголемен за околу 40 отсто во споредба со периодот пред 100 години. Јаглерод диоксид долго останува во атмосферата. На пример, кога во овој момент би престанала неговата емисија, тој би останал во атмосферата уште илјада години“, вели Галанполски.
Но, редовниот професор на Институтот за метеорологија при Факултетот за физика, проф. д-р Младен Чуриќ, еден од најголемите српски експерти во оваа област, смета дека ситуацијата нема да биде толку катаклизматична, како што предвудуваат светските експерти.
Тој верува дека многу „климатски трендови“ се само пропаганда која ја диктира политиката. Според него, негативните прогнози се прават само на државите да им се продаде системот за контрола на климата.
„Невозможно е во исто време да имаме поплави и големи суши, како што се најавува“, вели Чуриќ. Но, ни тој не предвидува добра климатска ситуација. Според него, не’ чекаат ладни години со малку сончеви денови.
„Навистина ќе биде поладно со многу дожд и снег. Годинава ќе биде изразено тоа. Пред неколку години почна еден ладен преиод и тој ќе трае неколку децении“, вели проф. Чуриќ.
Тој за српски „Телеграф“ објаснува дека таквите периоди не се необични и дека во последните 100 години се измениле неколку такви периоди. Така, од 1900 до 1940 година е забележан бран кога температурите раснеле, а од 1940 до 1970 година следело пад на температурите. После тоа, се’ до 2007 повторно сме имале потопол период, за после тоа да настапи поладен период.
Значи, влеговме во период кога се’ повеќе ќе ни требаат чадори, чизми и потопла облека. Доколку, ви недостигаат оние тропски топлини, треба да знаете дека барем во следните 20 годнини нема да ги има – доколку му се верува на српскиот сртучњак, Чуриќ.