Алармантно: Во Свети Николе месечно по две новозаболени жени од рак на дојка


И по 20 години, светиниколци ги мачи дилемата – кој е главниот причинител, нивниот град да е на врвот од несаканата листа на македонски градови по број на заболени и починати од рак на дојка, јавува Канал 5.

breast-cancerЗа едни, тоа е водата од чешмите, но сомнежот е отфрлен со активирање на филтер станицата. За други, ветрот е виновникот, што ја донесува прашината од одамна затворениот рудник за Азбест, лоциран на неколку километри од Свети Николе на падините на ридот Богословец. Конкретен одговор со конкретни докази досега ниту една локална ниту пак републичка институција не дала. Во меѓувреме, светиниколки се во постојан костец со болеста.

Инспиративен пример им е првиот човек на тамошниот Сојуз на жени, 63 – годишната Вера Златева. Пред 13 години, успеала да го победи дијагностицираниот рак на дојка.

– Имаме посебна група за помош на жените заболени од малигни заболувања. Во состав на групата влегуваат психолог, социолог, доктор и останатите експерти од своите сфери се со единствена цел, навремени совети и превентивна помош и како понатаму со успешно справување со болеста, информира Вера Златева.

На иста бранова должина се и сограѓанките на Златева кои партиципираат во локалната власт. Подигнување на личната свест во редовна контрола на личното здравје кај руралната жена е важен превентивен фактор.

– Инициравме проект во соработка со останатите женски асоцијации од Републиката и претставничките на Парламентот, зачестени средби со руралната жена, со единствена цел превентивно нејзино едуцирање подигање на индивидуалната свест за поголема самодисциплина и одговорност кон своето лично здравје со рушење на повеќе традиционални конзервативни стереотипи за досегашното сфаќање на како што помеѓу нив е познато женската болест, изјави Маринела Зафирова – Комисија за еднакви родови можности во Свети Николе.

509447-rak-dojke-1Истрајноста на светиниколскиот Сојуз на жени успеа да го симне градот од несаканата листа. Тоа резултираше со набавката на мамографот.

– Во текот на неделата три дена се одвоени за работа со мамографот. Тоа значи 15 прегледи на исто толку жени за седум дена. Освен тоа, вршиме прегледи со дијагностика на добиениот последен модел на ехо дигитален апарат, објасни прим. д-р Мирче Јосеф – директор на Здравствен дом Свети Николе.

Сегашните евидентирани 13 заболени за изминатите девет месеци, се многу мали од двојно поголемите бројки од пред само неколку години. Засега се уште мистичниот предизвикувач на ракот на дојка не ја крши неверојатната упорност на жените, кои се малку повеќе од половината од 18.500 светиниколци за негово тотално сузбивање.

Kanal5.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1