Додека смртта не нè раздели: Младоженец ќе паднел од карпа додека ги кажувал брачните завети (ВИДЕО)


Брачна двојка Болтон решила да ја врати романтиката во брачниот живот со обновување на брачните завети на врвот од една карпа покрај градот Санта Фе во сојузната американска држава Њу Мексико.

Screenshot_43Питер Болтон ѝ ги кажувал своите свадбени завети на својата невеста, Фејт, на работ на речиси 3.000 метри високата планина Аталаја , Во моментот при наплив на емоции тој мафтал со рацете по што ги раширил рацете, очигледно за да ја прегрне својата невеста, но тој почнал да губи рамнотежа. Можеби и ќе паднел од карпата без да го заврши својот завет, ако не била невестата.

Фејт успеала да го зграпчи Питер за рака и да го спаси. Неверојатниот момент бил снимен на видео.

Питер вели дека овој инцидент го натерал да мисли „дека понекогаш на луѓето им е судено да бидат заедно“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1