Доаѓа нов студен бран во Македонија


Во Македонија по студеното утро, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -10°C до -2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C, информира УХРМ.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

cold1

Во Скопје по студеното утро, во текот на денот претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -7°C, а максималната дневна ќе достигне до 3°C.

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -7°C до 1°C, а максималните дневни температури од 3°C до 11°C.

По викендот, од почетокот на наредната недела се очекува нов студен бран кој ќе донесе и послаби врнежи од снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1