Доаѓа студен бран – снег во Македонија


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, поладне променливо облачно и студено со услови за локален дожд, а на повисоките места и планините за снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за прочистување на воздухот по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од 12 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претпладне сончево, попладне променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Особено значително опаѓање на температурите на воздухот ќе има од петок како и за време на викендот кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат дури и до околу -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1