Доаѓа циклонот Викторија- носи опаѓање на температурите, дожд и снег


Полека се гледата крајот на ова невообичаено топло време за овој дел од годината кое е проследено со рано – летни температури на воздухот, сепак до самиот крај на оваа недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена а локално и позначителна облачност, исклучок ќе биде сабота кога има услови само за слаб, краткотраен и локален дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Под влијание на циклонот ВИКОТРИЈА кој ќе се формира југоисточно и јужно од нас, односно над Турција и Грција и тоа поради продорот на значително постудениот воздух од север и истиот ќе се судри со топлиот од југ и токму поради ова ќе дојде до формирање на овој циклонски систем, Поради ова во текот на ноќта кон вторник на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините а ќе започне да дува и засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во понеделник и на повисоките места и на планините ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, поради заладувањето услови за послаби врнежи од снег понекаде ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри а температурите драстично ќе опаднат и тоа дури и за повеќе од десет степени во споредба со сегашните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1