Ги испило таблетите од својата мајка: 2-годишно дете донесено на Клиника


Мало дете испило таблети од својата мајка, па завршило во болница, информираат од МВР.

Вчера во 17:15 часот во СВР Куманово, од Медицински центар Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово, кое, по исказ на неговата мајка, испило неколку таблети кои таа ги користела. Детето било препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1