Доаѓа вистинска пролет: Од утре подгответе се за 25 степени


До крајот на оваа работна недела не очекува вистинска пролет и покрај повремените услови за наоблачување.

Времето ќе биде релативно топло за овој период од годината а дневните температури редовно ќе надминуваат 20 степени, додека утринските ќе останат во позитива.

Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога максималните дневни температури во Скопје ќе надминат 21 степен а во некои од појужните делови на земјата и до 24 степени.

На стартот на наредната недела, студен воздух ќе се спушти над Македонија и ќе донесе пониски температури и услови за врнежи, особено кон крајот на неделата, кога се очекуваат максимални околу 12 степени и утрински околу нулата.

Уште постудена се очекува да биде претпоследната недела од март кога температурите ќе се спуштат до 10 степени, а во некои од утрата можни се и негативни температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1