Доаѓаат обилни дождови, препораки од Координативното тело


Кооринативното тело за управување со кризи информира (според информаците добиени од УХМР) дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови се очекува врнежи на дожд и над 30л/м2.dozd_1_7

Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до ЕЛС и Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1