Доаѓаат Орионидите: Вечерва гледајте спектакуларен метеорски дожд


На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди.

Дождот се  состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година.meteorski dozd

Сепак, секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од кометата, па небото ќе биде осветлено од вистински дожд на метеори. Оваа година се претпоставува дека околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.

За да ги видите, треба да го следите југоисточното небо. Тоа што е добро е што нема да имате потреба од никаква посебна оптичка опрема затоа што метеорите ќе можат да се видат и со голо око, по услов небото да е чисто, и да не бидете опкружени од вештачко осветлување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1