„Дојче банк“ по грешка уплатила 6 милијарди долари на сметка на свој клиент


„Дојче банк“ , повторно заврши на нсловните страни на весниците поради нов скандал. Банката во јуни оваа година по грешка на еден клиент му префрлила шест милијарди американски долари .

Млад референт за девизни инвестиции по грешка ја уплатил оваа баснословна сума, погрешно внесувајќи ги податоците , пренесуваат медиумите.banka pari

Неговиот шеф во тоа време бил на одмор. Грешката била откринеа и исправена следниот ден. Инцидентот кој се случил во јуни, е откриен дури сега, а тоа го отовра прашањето зошто веднаш не е обелоденет овој случај особено поради тоа што банката наводно го користи „принципот во четири очи“, а тоа значи дека секоја поголема трансакција мора да биде одобрена од уште  од еден службеник.

Овој скандал е само еден од многуте поради кои банката, иронично, неодамна најави радикални промени во работењето – и сакаат драстично да ги намалат трошоците, да ја подигнат профитабилноста и да си го вратат угледот.

Грешката во овој случај настанала кога вработениот во банката внел бруто наместо нето износ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1