ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сите ќе знаат какви порно филмови сте гледале на Интернет


Постои голема веројатност дека наскоро сите би можеле да дознаат какви филмови за возрасни сте барале и гледале онлајн, предупредува блогерот Брет Томас.

Имено, Томас тврди дека е можно јавно да бидат објавени склоностите на сите оние кои во која било форма пристапиле до содржина за возрасни, дури и ако сурфале во инкогнито мод,pornografija1

Како што објави „Унилад“, Томас смета дека следниот скандал поврзан со приватноста на инернет ќе се однесува токму на објавувањето на историјата на сурфање по страниците со порнографски содржини.

– Ако онлајн сте гледале порнографија во 2015 година, дури и во инкогнито мод, би требало да очекувате дека во еден момент тоа би можело да биде јавно објавено и тоа со вашето име, напиша Томас на својот блог.

– Кој било може во кое било време да постави веб страница која ќе овозможува според и-мајл адреса или име да барате и видите каква порнографија некој гледа на интернет, тврди блогерот

Според него, се она што е потребно за нешто такво е едноставно крадење податоци и некој талентиран тинејџер кој ќе сака да направи хаос.

– Мислам дека следна голема интернетска криза на приватноста би можела да ги изложи на јавноста приватните и потенцијални засрамувачки лични податоци на обичните луѓе и нивните соседи, тврди Томас.

Тој наведува дека ако хакерите добијат пристап до само една интернет страница која ги има вашите лични податоци, можат да продолжат да ги следат до страницата за возрасни која сте ја посетиле и до целата содржина која сте ја барале и гледале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1