Добија чист бензин од растение со кое секој автомобил ќе работи најнормално


Во една скромна лабораторија на главниот научен Универзитет во Јужна Кореја, Чои Јунг-Јон слави успех бидејќи тим од јужнокорејски научници по првпат развија чист бензин, користејќи растителен материјал, а нивното истражување е објавено во научното списание Натура.

benzin od rastenieСо користење на генетски модифицирана ешерихија коли, процесот го разградува шеќерот на масни киселини, а потоа во бензин, идентичен на тој кој го произведува нафтената индустрија.
– Користев ешерихија коли како домашен вид, бидејќи со неа лесно може да се манипулира, а постојат многу алатки за таа цел, како и целосна генетска информација за неа – истакна овој Кореец, водечки автор на истражувањето.

Со слични методи порано беше произведен дизелот, но ова е за првпат на овој начин да се направи бензин.
-Добиената течност може да оди директно во кој било конвенционален автомобил, но треба долго време да се наполни резервоарот – наведе новинарот Хари Фосет, новинар од Ал Џезира кој го посети јужнокорејскиот град Даејеон.

Предноста на нивниот процес, како што велат корејските научници, е што нивното гориво е подготвено за употреба во милиони мотори со внатрешно согорување кои веќе се користат, без потреба за адаптација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1