Добил 50 марки во кладилница, цела ноќ и ја пуштал на жената „Где си била кад сам био нико“


Жителите на сараевската населба Мојмило го пријавиле соседот Р.Б. од чија куќа цела ноќ се слушала гласна музика.

Веднаш по доаѓањето на самото место, полицијата јасно и гласно слушнала како од неговата куќа ечи буквално една од најпознатите песни на Дејан Матиќ „Где си била кад сам био нико“, па заѕвониле, и го замолиле господинот да ја смали музиката и го прашале зошто толкава галама, а тој им одговорил дека на сопругата намерно и ја пушта таа песна, зошто освоил 50 конвертибилни марки во кладилница, зошто таа со месеци му трубела дека никогаш не добил ни марка од кладењето.50km-650x378-72573

Жената е затекната во прилично чудна состојба, како гледа во ѕид, но била непоредена, а тој продолжил ја ја пее песната и додека полицајците биле во куќата, ама потивко се слушала од звучникот.

По предупредувањето, да не доаѓаат пак и да му пишуваат казна, полицајците заминале, а тој ја „рокнал“ по нив песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1